Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Од:

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79 годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин.

Пред Судот денеска се презентираа докази од истрагата, како и фотографии и видео материјали од местото каде што е пронајден трупот на починатата. Додека се прикажуваа фотографиите и видео материјалите од куќата и дворот каде што е најден трупот обвинетиот Асанов коментираше дека „се било шминка“. На претходните рочиште сведочеа инспектор од СВР-Штип, како и роднини на починатата.

Според истрагата и наодите Николова последен пат е видена жива на 5 октомври 2025 година, кога излегла од домот на нејзината сестра. На 24 октомври е пријавена за исчезната, а на 10 ноември 2025 година од страна на полициски службеници по наредба на јавен обвинител во домот на обвинетиот Асанов пронајдени се траги од крв, по што обвинетиот признал дека во дворот на куќата го закопал телото.

Судскиот процес против обвинетиот Асанов продолжува на 8 април во 11 часот во Основниот суд во Штип, а судечки судија е Јулијана Недкова.

Би можело да ве интересира

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он