Полицијата уапси осомничен за убиството кај Смилковско Езеро

Од:

Едно лице е приведено во рамките на истрагата за убиството на 38-годишниот маж од скопското село Љубин, чие тело со прострелна рана беше пронајдено во близина на Смилковското Езеро.

Мажот беше пронајден на 21 ноември, а првичните информации укажуваа дека имал прострелна рана во пределот на ногата. Обдукцијата подоцна утврдила дека смртта настапила како последица на обилно крварење предизвикано од оштетување на голема артерија.

Во непосредна близина на телото бил пронајден и неговиот автомобил „мерцедес“, а во возилото се наоѓал и мобилниот телефон на починатиот.

Приведувањето на едно лице е дел од истрагата што ја водат надлежните институции за расветлување на околностите под кои се случило убиството.

Засега не се соопштени повеќе детали за идентитетот на приведеното лице, ниту за неговата евентуална поврзаност со убиството.

Би можело да ве интересира

МВР: Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски