Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Од:

Утринава се спроведува обемна координирана полициска акција насочена против нарко-дилери на повеќе локации низ државата.

Според неофицијални информации, Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дејствува во Скопје, Штип, Струмица, како и во скопското село Грчец.

Цел на акцијата е разбивање на криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин.

Засега нема официјални информации за бројот на приведени лица или запленета дрога, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци