Палевски бегал во Турција истиот ден кога МВР ги приведе петмината осомничени за грабнување на Вања

Од:

На 2 декември, денот коа министерството за внатрешни работи соопшти дека има петмина осомничени за грабнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, првоосомничениот за нејзиното убиство, Љупчо Палевски бегал кон Турција.

Ова го покажува соопштението на обвинителството за приведениот 46 годишен скопјанец кој се товари дека му помогнал на Палевски да избега подалеку од Македонија.

„Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција)“, стои во соопштението од ОЈО.

За скопјанецот кого обвинителството го означува како помагач во бегството на Палевски нема информација кога излегол од Македонија, ниту кога се вратил во земјата. Единствено што се знае е дека управувал возило марка Ланд Ровер која направила круг за преку Србија да го однесе Палевски до Турција.

Како лице за кое се води предистрага, обвинителството за возачот бара 48 часовен притвор, кој би се продолжил само ако се отвори истрага.

Би можело да ве интересира

Уапсен е поранешниот српски министер за економија

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски

Ердоган соопшти нови податоци по страшната експлозија во Турција – 16 лица ги загубија животите

А1он