(ВИДЕО) Спасовски: Пет лица се приведени во врска со случајот за исчезнувањето на 14-годишната Вања

Од:

Пет лица се приведени во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања, информира денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за време на посетата на Куманово, одговарајќи на новинарски прашања дали има напредок во истрагата за девојчето.

– Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај, рече министерот.

Истакна дека низа криминалистички истражни мерки се презедоа во изминатиот период се со цел да се утврдат сите овие факти.

-Тие факти коишто ги утврдуваме преку овие истражни мерки ќе ги соопштиме во јавноста во момент кога треба да бидат соопштени, заради тоа што предвременото соопштување ни прави проблеми, истакна Спасовски и додаде дека вчера рекол дека не е точно дека на Вања и се губи траг кај „Силбо“, односно кај „Броз кафе“, со цел да не се шират повеќе шпекулации.

Спасовски потенцираше дека сите податоци кои ги утврдуваат ќе ги соопштат во даден момент, бидејќи, како што кажа, за истрагата е многу релевантно кога и како ќе соопштат во јавноста.

– Ви се заблагодарам на сите вас заради тоа што навистина објективното пренесување на сите информации, па и околу овај случај, сериозно влијае на спротивставувањето на лажните вести и на сите оние коишто сакаат од неразбирливи причини, без разлика од што се мотивирани, да ги пласираат во јавноста, додаде тој.

Веќе шест дена се трага по Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот, на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало. Последен пат била забележана на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата. Во изминатиот период, на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за ичезнатото девојче од страна на Интерпол.

Би можело да ве интересира

Андреа е второто девојче кое исчезна во Франција за неколку дена

Стојков: Палчо ми кажа дека има некое велешко возило кое „се лепи за него, низ градот каде и да се движи“

Одбраната на дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче смета дека не е јасно работењето на полицијата

Самарџиев: Манев кажа дека го убиле и закопале Панче, а во него пукал Љупчо Палевски

Каишиќ: Таткото на Вања се однесуваше чудно, Кешишов не однесе до местото каде беше закопано девојчето

Aдвокатот на Палчо вели: Нема можност обвинетиот Палевски да биде поврзан со конкретните кривични дела