Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Од:

Лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица од коалицијата Влен, Изет Меџити ниту денеска не сакаше да даде конкретен одговор дали Уставните измени остануваат услов за формирање на идната влада. Наместо конкретен одговор, кажа дека ставот на коалицијата е јасен, дека тие сакаат да бидат фактор во влада која е европски ориентирана.

„И порано и сега велиме дека сме заинтересирани да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана. За нас е тоа приоритет, но сега сме фокусирани на кампањата, кога ќе седнеме, овие ставови ќе ги разговараме на маса. Нашиот став е јасен, нема дилеми кој е ставот на Влен за евроинтеграција“, рече Меџити.

Тој вели дека од Европскиот фонт цело време имаат провокации со цел да се предизвикаат инциденти.

„Од почеток Европскиот фронт како што сакаат да се нарекуваат цело време провоцираат и сакаат инциденти, оти само на тој начин може да ја дефокусираат јавноста и да избегаат од големата загуба што ги чека. Митингот го одредивме Чаир, плоштад Скендербег, тие го одбра плоштадот Македонија, а знаеме дека таму луѓето цело време поминуваат. За да се избегнат инциденти, одложивме еден ден, дојдовме утредента. Видовте дека слават навечер, дојдоа да провоцираат и да слават пред штабот на Влен, исто така видовте провокација на Груби пред општина Чаир, иако велат дека не им е фокус Влен, гледате цело време провокации кон нас“, кажа Меџити.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски