Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата на СДСМ за одржување итна собраниска седница посветена на семејното насилство. Пратеникот Бојан Стојаноски оцени дека податоците за зголемување на пријавите и кривичните пријави се точни, но смета дека тоа е резултат и на поголемата доверба на граѓаните во институциите.

„Точно е дека за 70 проценти е зголемен бројот на пријави за семејно насилство и за 50 проценти е зголемен бројот на поднесени кривични пријави. Тоа не значи дека претходно семејното насилство било отсутно, туку дека сега граѓаните имаат поголема доверба во институциите и го пријавуваат. За тоа придонесоа и измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година, со кои семејното насилство се гони по службена должност, што придонесе бројот да биде поголем“, изјави Стојаноски.

Тој рече дека целта е да се изгради систем кој ќе ја намали можноста за појава на семејно насилство, додавајќи дека иако досега е направено многу, останува уште работа.

Стојаноски оцени дека претставниците на СДСМ, кои денеска побараа итна седница, во изминатите години биле одговорни за креирање на системот, но, според него, не направиле ништо.

„Ние ќе ја поддржиме таа иницијатива за одржување на седницата и ќе разговараме. Секако, ќе го поставиме и прашањето до Јавното обвинителство зошто нема поднесено обвинителни акти, а добро е да се одговори и од страна на судот зошто обвинителните акти што се поднесени сè уште немаат судска разрешница, како што очекуваат граѓаните“, рече Стојаноски.

Во однос на надзорната расправа за Алта банка, Стојаноски информираше дека неговата пратеничка група побарала за утре да бидат повикани двајца сведоци – Трифун Костовски, предложен од Левица, и поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска.

За Ангеловска, како што рече, веруваат дека поседува многу информации кои можат да придонесат за целосно расветлување на случајот.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ гласала за одржување на надзорната расправа со став таа да се реализира што е можно побрзо, обвинувајќи го СДСМ дека со одолговлекувањето сака да добие време и да ја одржува темата во јавноста.

Во врска со најавите од претседателката на Комисијата и СДСМ дека дел од поканетите гости утре нема да присуствуваат, Стојаноски рече дека одговорноста за организацијата на расправата и комуникацијата со сведоците е кај нив.

„Несериозно е да организирате надзорна расправа, а од денеска за утре да ги каните сведоците. Неколкупати баравме, ќе поддржиме сè што ќе побарате. Дојде и Мицкоски, иако беше ненадлежен, и беше прв. Сите сведоци што тие ги побараа навремено, ние им ги обезбедивме“, изјави Стојаноски.

Тој повика надзорната расправа утре да заврши, да бидат усвоени заклучоци и, како што рече, да се стави крај на темата за која СДСМ во јавноста шири лажни претпоставки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово