Најавено преиздавање на албумот „Young Americans” на Дејвид Боуви

Од:

Албумот на починатиот британски пејач Дејвид Боуви – „Young Americans” ќе добие свое ново ограничено издание на винил, по повод 45-годишнината од објавувањето на плочата.

Албумот, кој самиот Боуви тогаш го опиша како „пластична душа“, ќе излезе повторно на 18 септември и ќе биде отпечатен во препознатлив златен винил.

„Young Americans” беше објавен на 7 март 1975 година. Снимен е во Филаделфија, САД, во соработка со долгогодишниот продуцент Тони Висконти и со помош на Џон Ленон, Пол Мекартни, Лутер Вандрос и честиот соработник на Боуви – Карлос Аломар.

Плочата стигна до второто место на музичките топ-листи во Велика Британија.

Претходно беше објавено ново винилно издание и на албумот „Something in the Air (Live Paris 1999)” на Боуви – со 15 песни што ги изведе во живо во Франција, 1999 година, при турнејата „Hours”.

Би можело да ве интересира

Диџеј Хозе Падиља почина од рак

Ана Ололовска

Аријана Гранде го најави својот нов албум

Ана Ололовска

ВИДЕО: Почина Пол Матерс, бас гитаристот на „Еј-Си/Ди-Си“

А1он

Пост Малоун триумфираше на американските Билборд награди

Ана Ололовска

Ричи Самбора не жали за напуштањето на „Бон Џови“

Ана Ололовска

Ријана им се извини на муслиманите, откако ненамерно ги навреди со песна

Ана Ололовска