Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Од:

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски денеска од 19 часот во Europe House во Крива Паланка ќе биде изведен проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија”.

Како што најавуваат организаторите, станува збор за интердисциплинарен проект во развој: фузија на поезија, филм и музика.

-Идејата е да се реобмисли уметничко дело и да се создаве ново, во поинаква форма од оригиналното. Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции, стои во најавата.

Проектот е поддржан од Европска Унија, а се реализира во организација на Метрика Култура.

Би можело да ве интересира

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Филмот „Наполеон“ конечно ќе ја види светлината на денот

Предраг Петровиќ

Подгответе се за празниците: Список на нови божиќни филмови

Предраг Петровиќ

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка

Режисери и продуценти бараат да не се крати буџетот за филм – упатија писмо до Министерството за култура

А1он