Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Од:

Бред Пит неодамна откри дека играњето на Дон Колиер во филмот „Fury“ му го променило животот.

Некои од најдобрите работи во глумата е можноста да преземете различни улоги, но и да научите многу нови работи како свирење на инструменти, ракување со оружје и слично.

Но, Бред Пит можеби не бил свесен дека новото искуство за време на снимањето на филмот „Fury“ на Дејвид Ајер од 2014 година ќе го промени неговиот начин на размислување.

“Научив многу од овој филм. Сите си заминавме апсолутно збогатени. Оваа улога е вистинска студија за лидерство и учење да се почитува и сега сум подобар татко поради тоа”, рекол Пит.

Пит, исто така, почувствувал дека стекнал поголемо разбирање за тоа како е да се биде тенкист во Втората светска војна и се надевал дека нивната филмска интерпретација ги прикажала вистински ветераните.

“Овој филм зборува за исцрпеноста на војниците од студ, глад и ефектот на акумулација на дневна основа. Ние со цело срце го прифативме. Се надевам дека војниците ќе се препознаат во ова”, рече тој.

Станува збор за филм кој се одвива во Германија за време на Втората светска војна, каде што пет војници се возат во тенк Шерман за да убијат германски војници. Пит ја играше улогата на наредникот Дон Колиер ака Вардади, а покрај него во улогите имаше и млада актерска екипа, која ја сочинуваа: Логан Лерман, Шија Лабеф, Мајкл Пена и Џон Бернтал.

Би можело да ве интересира

И стигна пакетот со облека, го отвори и ја касна отровна скорпија

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Лепа Брена позираше за насловната на Vogue Adria во вилата на Тито

Предраг Петровиќ

Лијам Пејн дал оставка на денот на неговата смрт: Луѓето биле загрижени за неговите планови

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега