Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница укина два члена од Законот за готовински плаќања, донесен 2001 година. Укинат е членот 4 -а  со кој се предвидуваше можност купувачот или примателот на услугата да не плати стока, односно услуга, доколку не му се издаде фискална сметка. Причините за укинувањето се поради тоа што таквата обврска на граѓаните наместо државата и инспекциските органи да бидат контролори над оние кои не ја почитуват фискалната и даночна регулатива ги доведува во прашање слободата на пазарот и претприемништвото и владењето на правото.

Вториот укинат чл.21-в од Законот предвидуваше глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност за физичко лице – корисник на услуга доколку не побара фискална сметка или пак фискалната сметка не ја чува најмалку 15 метри од местото на прометот. Според Судот воведувањето прекршочна казна за граѓанинот потрошувач во ситуација кога со Законот за регистрирање готовински плаќања даночен обврзник е давателот на услугата, а не примателот на услугата, го доведува во прашање владеењето на правото.

Судот денеска го укина членот 3, став 1 од Законот за судска служба, со кој се предвидуваше судските службеници правата од работен однос да ги остваруваат согласно со Законот за судска служба, колективните договори и другите прописи што ги уредуваат правата од работен однос.. Укинувањетио се однесува во делот на „и на другите прописи што ги  уредуваат правата од работен однос“.

На седницата беше укинат и член 3, став 3 од овој Закон, кој предвидуваше судската полиција правата од работен однос ги остварува согласно  Законот за судска служба, Законот за судовите, колективните договори и другите прописи што ги уредуваат правата од работен однос. Укинувањето и овде се однесува во делот „и на другите прописи што ги  уредуваат правата од работен однос“. Укинувањето е затоа што според Уставот правата на вработените судски службеници и судската полиција се уредуваат со закони и колективни договори, а не и со други прописи.

Судот денеска укина и две одредби од Законот за јавните службеници, донесен 2010 година и шест пати дополнуван досега.

На денешната седница беше укината одлука за Детален урбанистички план за резиденцијални објекти во населбата Карпош 2, донесена во мај 2013 година. Укинувањето е поради тоа што постапката на донесување на Одлуката не била спроведена согласно одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Судот поништи член од акт, наречен „критериуми за утврдување  пазарна вредност на недвижен имот“ во општина Јегуновце, донесен од Советот на оваа општина во февруари 2013 година. Поништувањето е затоа што таа материја е уредена со соодветните законски и подзаконски норми од областа на даноците на имот, поради што поништениот член од актот на општината не е во согласност со владеењето на правото.

Судот укина три члена од Колективниот договор на АД во државна сопственост за воздухопловна навигација, склучен меѓу синдикалната организација и Управниот одбор на МНАВ, склучен  во јануари 2014 година.

На седницата беше укината одлука на УО на Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево која се однесува на исплата на надоместок на членовите на УО. Одлуката е донесена во септември 2009 година, а предвидувала претедателот на УО да има надоместок по 3.000 денари, а членовите на УО по 2.000 денари за секоја одржана седница. Укинувањето е затоа што само основачот може да определи надоместок за присуство на седница на Управниот одбор, односно Единицата на локалната самоуправа која ја основала јавната локална библиотека.

Судот расправаше и за 15 члена од Законот за прекинување на бременоста, но одлучи да не поведе постапка. Судиите со мнозинство гласови процениле дека уредувањето на постапката за прекин на бременоста не ја спречува определбата за прекин, туку ја уредува процедурата, а тоа има основа во членот 42 од Уставот дека државата го штити мајчинството, децата и малолетниците.

На седницата Уставниот суд не поведе постапка за неколку оспорени членови од Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за заштита на децата и Законот за основно образование во врска со задолжителното вакцинирање. Имајќи предвид дека судиите не покренаа иницијатива и понатаму на сила ќе остане решението со кое вакцинацијата е задолжителна за десетина зарази, родителот да покаже документ за сите вакцини пред да го запише детето во прво одделение.

Судот за неповедувањето на постапката се повикува на член 39 од Уставот, каде е наведено дека секој има должност да го чува своето и здравјето на другите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ

Седница на Уставен суд

Од:

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница расправаше за три члена од Законот за средното образование, донесен 1995 година и 21 пат дополнуван досега. Одредбите се однесуваат на прашања поврзани со екстерното проверување на успехот на учениците во средните училишта.

Судот по расправата реши да не поведе постапка затоа што оцени дека правилата содржани во наведените законски одредби не се несогласни со Уставот, ниту од аспект на повреда на начелото на еднаквоста меѓу наставниците, ниту од аспект на владеењето на правото, со оглед дека се доволно прецизни и не доведуваат во прашање правна сигурност.

Во однос на Правилникот од сферата на здравственото осигурување кој се однесува на права и обврски од задолжителното здравствено осигурување донесен од Фондот за здравствено осигурување на РМ во септември 2012 година, судиите решија да не поведат постапка како за целината на тој Правилник, така и одделно за три члена од Правилникот.

Не поведувањето е затоа што Судот смета дека постои законска основа за донесување акт со ваква содржина, при што содржината на Правилникот не излегува надвор од законот со утврдените права и обврски на граѓаните при остварување на задолжително здравствено осигурување.

Иницијативата по однос на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план донесена од Советот на општина Струга во 2010 година, Судот реши да ја отфрли бидејќи утврди дека нема процесни претпоставки за постапување по неа со оглед дека нема причини поради кои се смета дека одлуката е незаконска.

Судот распаваше и за Правилник на УО на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), донесен во 2011 година и за исто таков акт донесен во 2012 година, со кои се уредуваат натпреварувањата меѓу кошаркарските клубови, членки на МКФ.

По расправата судиите решија да ја отфрлат иницијативата за двата правилника, бидејќи првиот од 2011 година престанал да важи, а вториот според својата содржина не е пропис од надлежност на Уставниот суд, па поради ненадлежност иницијативата е отфрлена.

Судиите денеска расправаа и за три барања за заштита на слободи и права, по што одлучија да ги отфрлат сите три иницијативи бидејќи не се во надлежност на Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он