Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

Од:

Судскиот Совет утре на итна седница ќе расправа за времено упатување во Основен кривичен суд Скопје на судијата Осман Шабани, кој неодамна беше избран за судија во Апелационен суд Скопје.

Судијата Шабани го водеше предметот „Талир“ кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и беше отворен 2019 година и е во доказна постапка, како и повторената постапка за случајот „Титаник“  кој започна во 2018 година, во кој тој, исто така, е претседател на Судечкиот совет.

Минатата недела Советот ја делегираше и новоизбраната судијка во Апелација, Александра Ристевска, кој е дел од судечкиот совет на предметот „Ласкарци“, чија пресуда треба да биде објавена утре.

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

Продолжи судењето против Бојковски кој призна три од четирите убиства за кои е осомничен од обвинителството, доказната постапка завршена