ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Од:

Не е само да се преземаат чекори, туку треба да се преземе одговорност од страна на власта, за живиот песок во кој го втурнаа правосудниот систем, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта треба да преземе одговорност за целосната партизација која ја направија во правосудниот систем.

Кога ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека на чело на Судскиот совет се поставуваат личности активисти и функционери на СДС, власта игнорираше, затоа што можеби требаше тие да им ја спроведат агендата за партизација. Сега кога и нашите меѓународни партнери реагираат, власта се однесува како да е затечена.

СДС и ДУИ се власт 6 години во Македонија, 6 години вршат целосна партизација во судството и обвинителството.

Пример за партизација е и шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази, кој го видовме во друштво со целиот врв на ДУИ, а за кого реагираа и нашите меѓународни партнери исто така.

Власта се однесува арогантно. Кога посочуваме на проблемите, тие одат со глава во ѕид, а сега кога заглавија во жив песок преземаат мерки.

Изјавата на Лога е доказ дека правосудството е клинички мртво, и дека власта треба да ги слуша апелите на ВМРО-ДПМНЕ, кога е време, зошто состојбата во која е судството денес е целосно нивна вина, реагираат со соопштение од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица