Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Од:

Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка.

Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка.

Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери.

И кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.

Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните.

Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни, рече на прес конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кардиоваскуларни заболувања – кога е доволно следење, а кога е потребен зафат

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово

Прилепчанец лишен од слобода, вршел безправна сеча на огревни дрва

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност, но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница