ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност, но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница

Од:

СДС и Филипче ширеа паника за Алта Банка, глумеа загрижени за граѓаните и стабилноста на банкарскиот сектор но дури по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна од првата. Толку од наводната итност на СДС и Филипче, толку од сериозноста на темата, а уште повеќе толку од сериозноста и посветеноста на опозицијата. СДС и Филипче правеа многу врева, но има многу малку работа и уште помалку одговорност од СДС и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Филипче и СДС не одговараат за тоа зошто молчеа во 2023 година. Тогаш СДС и ДУИ беа на власт. Тогаш носеа одлуки. Тогаш нивни функционери учествувале во постапки поврзани со влегувањето на државното правобранителство во деловни односи со Алта банка. Зошто СДС и Филипче тогаш молчеа?

Дали направиле проверки? Кој ја разгледувал документацијата? Кој дал согласност и врз основа на кои информации? Доколку имале сомнежи, зошто не реагирале тогаш, туку дури сега, кога се во опозиција? Филипче и СДС не можат да избегнуваат одговорност за одлуките од времето кога тие управуваа со државата. Не може СДС во 2023 година да молчи, а денес да држат лекции за одговорност, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 година

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ

А1он

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

„АЛТА банка“ се продава: Првата аукција на 30 ноември, почетната цена 3.777 денари по акција

Катерина Ѓуровски