ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

Од:

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни. СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура. Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа.

Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема. Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања? СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка. Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање