ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Од:

На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за која дискутираа советниците беше мерката за ослободување од комуналии наменета за младите брачни парови, а која ќе важи и за самохрани родители до 40 години. Со оваа мерка, истите ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште, или 60 отсто од вкупни комуналии, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Младите до 40 години ќе имаат можност да изградат свој дом без плаќање комуналии. Со многу мерки, како и на Владата, така и на Град Скопје, овој период се овозможија многу можности за младите. За оваа година, како јаготка на шлагот, во оваа година од новиот мандат на ова раководство. Ја поздравувам оваа одлука и препорачувам да едногласно ја донесеме во Советот на Град Скопје“, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска.

„Со оваа одлука, се врши ослободување од плаќање на комуналии на млади брачни парови и самохрани родители до 40 години, за една станбена единица, односно куќа до 120 метри кавдратни. Апликантите треба да имаат потврда од Катастар дека немаат имот за живеење. Ова е една од мерките со која што градот Скопје директно помага на младите брачни парови и самохраните родители за решавање на станбеното прашање“, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Кукески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст

Горан Наумовски

Македонија е подготвена да го измени Уставот за пристапување кон ЕУ, но бара гаранции

Горан Наумовски

Антикорупциска оформи предмет – Истражува судир на интереси во случајот Фокуснет против Македонски Телеком

Предраг Петровиќ

Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области

Горан Наумовски

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања „Очи в очи со народот“

Горан Наумовски