Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

Од:

Оценската мисија на ЕУ предводена од поранешниот претседател на хрватскиот Уставен суд Бранко Хорватин и експерти од земји на Унијата, неделава ќе заврши со монитроинг на работата на Судскиот совет. Ова го кажа евроамбасадорот Дејвид Гир, кој посочи дека судиите од мисијата ќе се вратат во Брисел и ќе дискутираат за наводите со кои си заминале од Македонија.

Откако ќе направат сумирање, членовите треба да дадат препораки за подобрување на неговата професионаланост, независност и ефикасност на Судскиот совет.

„Не можам да ви кажам точен датум кога препораките ќе излезат во јавност, но сите ја разбираат потребата од препораките да се дадат за брзо време“, посочи Гир.

Мисијата почна да работи во јуни, кога тим од експерти дојдоа во Македонија, за да направат увид во обемот на работата која ја има експертскиот тим. Оваа оценска мисија дојде по низа скандали во Советот, кои наидоа на критики и во Македонија, но и од меѓународните институции.

Би можело да ве интересира

Судски совет: Министерот Лога е должен да го почитува Законот за судски совет

Лога бара од Судски совет да ја изземе Лорета Ѓоргиева затоа што го одбрани судијата Лазар Нанев

Орце Костов

Предупредувачки протест на Синдикатот на Судскиот Совет, бараат враќање на додатоците на плата

Катерина Ѓуровски

Дамева: Судии одат на увид со возила на странки, недолично е и отвора сомнеж за пристрасност

Орце Костов

Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

А1он

Седум судии избрани за претседатели на судови потпишаа свечени изјави во Судски совет