Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за правосудството, изјави дека судството нема да добие повеќе пари се додека не почне да испорачува, а негова работа, посочи, како премиер е да критикува се додека не види напредок во испораката на правдата.

-Пари повеќе нема да добијат. Пари нема да добијат, иако се бара и во Законот за јавно обвинителство да се стави сума од 0,5 проценти од буџетот. Нема да добијат затоа што не ги заслужиле. Затоа што очекуваме дека правдата ќе ја донесат. Она коешто ние го овозможивме со овие измени е фактот дека сè што побараа во делот на вработувања, самостојност и така натаму, сè добија. Едноставно, пари повеќе нема. Ако некој мисли дека на овој начин ќе врши притисок врз Владата, нема тоа Владата да го прифати. Бидејќи независноста со пари не се обезбедува, туку се обезбедува со работа. Со работа, а не со допишување на работни саати и така натаму, дежурства и проценти, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Дебрца.

Мицкоски појасни дека извештајот е редовен извештај што го објавува ЕК за сите земји членки, а последните три години е и за дел од кандидатите. Станува збор за 2023, 24-та и 25-та година. Од кандидатите се анализирани четири земји, тоа се Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија. Вели дека во него има пофалби, констатирани политики коишто испорачуваат, но и критики.

-Во него е констатиран притисок од страна на политичари кон судството. Кога зборуваме судството, мислиме и на обвинителството и на судството. Тоа е едно. ​Второ – имаме исто така констатиран факт дека требало повеќе пари да има за обвинителите и судиите. И трето – е критика за самите обвинители и судии, што е контрадикторно на втората забелешка. Така што, контрадикторни се тие два заклучока. Од една страна велат судскиот систем не испорачува, од друга страна Владата да даде повеќе пари. Тие две работи едно со друго не одат. Или ќе почнат да испорачуваат, па да добијат, или нема да добијат. Ете, вака накратко, тоа е мојот коментар, нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека ќе продолжи јавно да ги повикува судиите и обвинителите да испорачаат правда, а граѓаните, вели, се самите се тие коишто констатираат дека немаме испорака на задоволително ниво од страна на правосудниот систем и тоа е општо позната констатација.

-Јас ќе продолжам во таа насока да испраќам пораки. Со сета политичка одговорност и ризик коишто ги имам, да, ќе продолжам сè додека не видиме напредок во испораката на правдата, нагласи Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Дебрца.

Би можело да ве интересира

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива. најави Мицкоски

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски

Левица: Остана уште Мицкоски да се самоизбере за член на Регулаторна комисија за енергетика – ново скандалозно назначување

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

Мицкоски: Реформите ги спроведуваме заради граѓаните, а не поради притисок од Брисел