Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Од:

Европската комисија е загрижена од брзото усвојување на дел од измените во Кривичниот законик со кои се намалуваат максималните казни и кои ќе имаат импликации врз застареноста на случаите на корупција, но премиерот Димитар Ковачевски вели дека измените се направени во комуникација со ЕУ и во согласност со законодавства кои важат во Европската унија.

– Ако некој разговара со ЕУ, тогаш тоа го прави Македонија, бидејќи ние со Албанија водиме скрининг процес. Сите процеси се комуницирани на ЕУ. Кај нас се забележува на бавност, а нешто кога оди брзо не треба да му се забележува толку многу. Измените кои беа направени се во согласност со законодавства кои важат во ЕУ. Тоа што претходно имавме закон во кој казните беа направени од комунистичко време, односно направени од некој, како што јас го нарекувам, Дарт Вејдер на македонското судство, тоа не значи дека тие работи не треба да се променат – рече Ковачевски.

Премиерот тврди дека со измените не се штити никој, туку се добива многу како што е проширена конфискација која значи дека низ поедноставна постапка може да се заплени имот кој е стекнат на незаконски начин.

– Ова беше најголемата забелешка на сите граѓани за случаите кои со години се водат, а не е запленет имот од никого. Ова се промени кои влијаат врз ефикасноста и ефективноста, а и казни кои овозможуваат конфискација. Кога сме кај незаконските дела, кај нас имаше еден општ член според кој беа обвинети десетина луѓе. Сега и со новиот закон кој е во подготовка се дефинираат 422 кривични дела врз основа на кои може да се гони секој што злоупотребил. Ова се позитивни измени на законот. ЕУ кажа дека е употребено, не дека е злоупотребено европското знаменце. Ние мора да се стремиме кон ефикасен систем и решенија кои се покажале квалитетни во европски земји – додаде премиерот.

Во однос на предлогот на Законот за амнестија кој се подготвува во Министерството за правда, Ковачевски вели дека затворите се пренатрупани и дека постојат во светот други инструменти на казнување како што е работа во оппштествени цели.

– Јас досега не слушнав лоши коментари за Законот со оглед на тоа дека се работи за луѓе кои веќе почнале да ги издржуваат казните – потенцира тој.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Европската Комисија подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината