Пет дена по враќањето од клиника во затвор, Камчев не се жали на здравствени проблеми

Од:

Пет дена по враќањето во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, бизнисменот Орце Камчев не се жали на проблеми со здравјето. На Клиниката за кардиологија остана пет дена, а од неделата е повторно во затворската ќелија. Наодот што му бил издаден е уреден по испитувањата што му беа направени додека тој престојуваше на Клиниката. Директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов, за „А1он“ вели дека Камчев сега немал поплаки за здравствената состојба.

Претходно, Камчев се жалеше на болки во градите и на гушење. Испитувањата што му беа правени покажале дека нема потреба од болничко лекување бидејќи сѐ е во ред со неговото здравје. На Клиниката за кардиологија беше спроведен со брза помош по дадена дозвола од Кривичниот суд.

Пред повеќе од две недели му се одредени нови 30 дена на Камчев за предметот „Плацови на Водно“, во кој е обвинет, а поради опасност од бегство по барање на обвинителката Лиле Стефанова. Судењето против бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацови на Водно”, ќе почне на 16 јули.

„А1он“ повеќепати се обрати во затворот „Скопје“, од каде што велеа дека Камчев е редовно проверуван од домскиот доктор, нема поплаки за неговата здравствена состојба, односно дека нема проблеми со здравјето. Од таму посочуваа и дека редовно му била давана и пропишаната хронична терапија.

Бизнисменот Орце Камчев, во март, кога му беше одреден првиот притвор, негира дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност. Тој рече :„Ма, какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов