Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

Од:

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер не може да каже кој ќе биде следниот бизнисмен, политичар или функционер што САД ќе го стават на „црната листа“, но после бизнисменот Орце Камчев кој вчера му се придружи на Рамиз Мерко на оваа листа, најверојатно ќе има и други лица.

Стејт Депарментот во моментов разгледува повеќе личности и организации, но Агелер рече дека не може да соопшти кој ќе биде следен. Таа на прес-конференцијата по повод црната листа на САД истакна дека најважно е да се видат следните чекори, односно што ќе преземат судските органи затоа што доказите против оние лица ставени на „црната листа“ се собрани. Вели, САД нема да дојдат и да уапсат некого или да преземат мерки против одредена личност.

– За Македонија да ги надмине предизвициите кои се пред неа, корупцијата не смее туку така да минува. Одговорните мора да одговараат. Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат“, објасни Агелер.

Агелер порача дека корупцијата, во каква било форма, не треба да се толерира, а одлуките што би можеле да следат од правосудните органи и други институции зависат од нив самите.

Бизнисменот Орцр Камчев од вчера е на „црната листа“ на САД поради корупција. Стејт Депарментот смета дека Камчев интензивно се заминава со корупција повеќе од 10 години и дека го искористил своето богатство за да влијае врз судските одлуки, а неговото однесување придонело и да се сруши Специјалното јавно обвинителство.

Амбасадорката даде коментар на последните изјави на специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар во која тој најавува ангажаман со новата бугарска Влада за да се спречат натамошни блокади на интеграцијата на земјава во ЕУ и на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се само првиот чекор од низата барања кои понатаму ќе следат.

Агелер истакна дека она што е важно за граѓаните и за евроинтегративниот процес е државата да се фокусира на тоа што таа треба да го стори на тој пат.

– Не сум разговарала ниту со Ескобар по неговото излагање, ниту со Радев, но не е важно да се фокусираме толку на тоа што тие го кажуваат, тука на тоа што е направено тука, бидејќи на крајот на денот, ако луѓето тука се посветени на ЕУ не е важно што велат Габриел или Радев, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Амбасадата на САД во Скопје.

Таа нагласи дека Ескобар одржува интензивни контакти и зборува со сите чинители во процесот тука и оти неговата најголема надеж е дека Северна Македонија и региониот прават се што можат за да се движат кон европските и евроатлантските интеграции.

Би можело да ве интересира

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Банките во БиХ бараат решение за сметките на лицата кои се на црната листа на САД за да избегнат санкции

САД ги ставија Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на црната листа

Предраг Петровиќ

Митрески – Агелер: Функционално и ефикасно Собрание е во интерес на граѓаните и на државата

Агелер: Немам сознанија дека има руско влијание во изборниот процес, но уверена сум дека е тука

Орце Костов

Едвард Џозеф: Црната листа на САД е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат

Катерина Ѓуровски