Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Од:

Со караница помина испрашувањето Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Орце Камчев, сведок во постапката каде бизнисменот си го бара милионот. Тужениот Бојан Јовановски-Боки 13, адвокатот го нарече „папагал“, а на Камчева-Стојческа и кажа: „Не сме на психолошко советување, судот не е жалботека“ откако таа рече дека не сака да се навраќа на лошите моменти кои потенцираше дека ги поминале како фамилија. Адвокатот Александар Михајловски бараше судот да не дозволи неколку од прашањата на Јовановски и му порача одговорите да ги побара во пресудата од „Рекет“. Интервенираше и судијата Андреј Димовски. Тој побара комуникацијата помѓу тројцата да оди преку него.

„Тој период беше тежок за нас. Македонската јавност и медиумите знаеја за ситуацијата во која мојот брат беше доведен, беше во притвор, требаше да излезе од притвор, а знае и зошто беше во притвор. Вие и повеќе од мене знаете, многу повеќе. Јас разбрав сосема на крај. Не сакам да се навраќам на работи кои на сите нас ни се познати“, кажа Камчева на прашањето од Јовановски-Боки 13 во каква непосакувана положба бил нејзинот брат кога таа му позајмила околу 19 милиони денари.

На ваквиот одговор реплицираше Јовановски-Боки 13: „Не сме на психолошко советување, судот не е желботека, јас сакам да се навраќам. Сведокот ако може да одговори за што ги дал парите и за што му помогнал на Јордан Камчев, конкретно“.

Реагираше и адвокатот Александар Михајловски застапник на Камчеви: „Приговарам на прашањето, сведокот одговори по кој основ се дадени парите, а за што се употребени постои правосилна пресуда која му е позната на тужениот. Прашањето е непотребно и недозволиво“.

На ова реагираше и Бојан Јовановски кон адвокатот Михајловски: „Судија јас не знам во каква психолошка состојба се наоѓа.. Дозволете ми затоа, јас немам папагалски систем, а овде имаме повторување на папагалско постапување од адвокатот“, врати

„Одговор на прашањето веќе дадов, веројатно немате концентрација. Парите му ги позајмив на мојот брат и истите треба да бидат вратени“, кажа Кристина Камчева-Стојческа.

„Дали сте биле осомничена во предметот Империјa“, беше следното прашање на Боки 13, на што Камчева-Стојческа одговори: „Немам зошто да одговарам на вакво прашање. Вакви инсинуации не смее да дозволи судот“, а Јовановски-Боки 13 врати: „Таа е особата која има платено кај Јово Вангеловски за да се донесе начелно правно мислење со кое се ослободуваат, и тоа со амин од Зоран Заев“.

На ова реагираше и судијата Андреј Димовски, кој се обиде да воспостави ред.

„Јас барам да се извади ова надвор од записникот. Не постои таков доказ, како што може господинот Јовановски да каже што сака. Јас сум магистер по науки и докторат спремам. Јас почитувана личност која повеќе од 20 години. Работам од 18 години и не би сакала да се девалвира мојата работа“, кажа Камчева-Стојческа.

Судијата рече: „Насочете ја енергијата кон прашањата кои судот ќе ги дозволи“.

„Тужениот изнесе клевети и невистини. Судот да го извади надвор тужениот“, реагираше и адвокатот Михајловски, а Јовановски-Боки 13 врати: „Тужи ме колку сакаш“.

„Тоа ќе ви биде причина да излезете надвор (од затвор)“, реагираше и Камчева-Стојческа, а Јовановски-Боки 13 и реплицираше: „Може и на вас ќе ви биде еден ден“.

Судијата Димовски го опомена Јовановски: „Судот го опоменува тужениот да се однесува достоинствено, така што прашањата ќе ги поставува преку судот, без разлика дали тие ќе бидат дозволени и истото ќе биде материјализирано преку укажување на почит спрема судот и присутните“.

Бојан Јовановски продолжи со поставување прашања и рече: „ Дали сведокот со мене имал комуникација, бидејќи јас раководев медиум, се имавме и непосредно запознаено, дали остварила контакт, дали сум и барал нешто, дали сум имал негативно влијание, дали сум стапил во контакт со денес присутниот сведок за да изнудам пари?“, на што Камчева-Стојческа одговори: „Ние сме различни светови Бојан, како може …“

Јовановски-Боки 13 го праша сведокот и дали била осомничена во предметот „Империја“, на што таа одговори: „Познат факт е дека ние сме невини додека не се докаже вина. Јас за мене немам ништо. Цело време зборуваш кривична, кривична, да се контролираш“

Јовановски-Боки 13 објаснуваше и зошто бара одговор: „Самиот сведок кажа: ‘Некако да излеземе од таа ситуација. Мојот брат, мојата компанија’. Нека каже која е ситуацијата, што се случувало. Општо познат факт е дека била осомничена“.

„И јас да сум била осомничена сум била со иницијали“, му возврати Камчева-Стојческа.

Сведокот беше прашан и колку пари побарал бизнисменот од неа, на што одговори: „Мојот брат ми побара пари колку што можам да му дадам тогаш“.

„Дали сведокот ги избројала парите?“, праша Јовановски, а Камчева-Стојческа одговори: „Парите не се бројат на рака, туку на машина. Присуствував кога почнаа да се вадат парите. Парите се вртат на машина, 19 милиони денари“.

„Дали откако сведокот ги дала парите, на тужителот се подобрила неговата состојба, бидејќи претходно била неповолна“, праша Јовановски, а адвокатот Александар Михајловски кажа: „Секое прашање е само утврдување на фактичка состојба која е правосилно потврдена со одлука на Врховниот суд. И од снимките кои протекоа на кои се гледа тужениот како во присуство на осомничен во ‘Рекетќ со торба ги изнесуваат парите од домот на Јордан Камчев.

„10 пати искажана лага станува вистина. Папагалското повторување од полномошникот на тужениот дека сум осуден, не може да ме дефокусира, а јас и денеска ја негирам таа пресуда. Таа е донесена врз вакви карикатурни сведочења. Не се сите инструменти искористени и ќе ги искористам. Нека не мисли дека така ќе ме навреди. Јас доаѓам од затвор, не од свадба, знам дека сум осуден“, кажа Јовановски.

Прашањата продолжија од тужениот до сведокот: „На кој датум ги подигнала овие 19 милиони денари. Ако се бара спас се памти датум. Зборуваме со потенцијален доктор на науки. Не може да не знае“, а Камчева-Стојческа врати: „Одговорено е прашањето“.

„Не е одговорено, конркетно кажи“, побара Јовановски, а судијата Андреј Димвоски рече: „Прашањето не е дозволено“.

„Дали во периодот на ‘пеколот’, денешниот сведок има поминато поголем престој во вториот дел од месец февруари, до март во Република Бугарија, во 2019 година“, праша Јовановски.

Приговор имаше од адвокатот дека прашањето не е на околности поврзани со предметот. Судијата не го дозволи прашањето.

„На 20 февруари била во Бугарија, кога според вештачењето ги вадела парите. Земете го пасошот на Камчева и видете дека била во Бугарија, а не во Македонија. Вратена е во март“, кажа Јовановски.

Прашања поставуваше и Лазар Јанев, адвокат на тужената Катица Јанева од која исто се бара дел од милионот да му го врати на бизнисмнот

„Дали фирмата МОНТ работи до денес активно, кое е својството на сведокот?“, праша Лазар Јанев.

„Компанијата МОНТ постои, јас не сум повеќе дел од таа компанија“, одговори Камчева-Стојческа.

„Колку договори за позајмица со МОНТ, која е содржината на договорите, дали ви е позната“, праша Јанев.

„Да, во компанијата МОНТ има повеќе договори за позјамица, не е само тој. Содржината за позјамица е таа. Со мене се повеќе договори, не се само овие два“, одговори Камчева-Стојческа.

„Договорите се склучени во 2019 година. Содржината се состои дека ако не ги вратите во една година, ќе треба да се вратат со камата. Дали компанијата МОНТ си ги бара парите преку судска постапка, има поминато три години?“, праша Јанев.

„Договорите се пролонгираат со анекси. А законската каматна стапка се наплатува“, кажа Камчева-Стојческа.

„Дали бевте запознаени дека вашиот брат барал пари за да се спаси од кривичен прогон, во декември 2018 година?“, праша Јанев.

„Јас и брат ми не раазговараме за вакви прашања“, одговори Камчева.

Судењето ќе продолжи со завршни зборови, а следното судење е закажано за една недела. Потоа, судијата Андреј Димовски ќе треба да донесе пресуда.

Би можело да ве интересира

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева