Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Од:

По налог на јавен обвинител, полицијата вчера околу 19 часот ги уапси Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција.

Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени.

„Претходно во полициска станица Х.Џ.Ч. пријавил дека неколку дена лицето E.О. од Република Турција, кој живее во Обединетите Арапски Емирати, постојано му се заканувал дека ќе го убие ако не му дава пари. Според пријавеното, пред да го пријави настанот во полиција, му се јавил Е.О. и го известил дека парите треба му ги даде нему и дека на договореното место ќе дојде со уште едно лице.
Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации