Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Од:

Двајца турски државјани се лишени од слобода, а полицијата трага по уште едно лице поради сомнение дека извршиле обид за убиство врз двајца нивни сонародници во стан во скопската населба Карпош.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кривична пријава по брза постапка е поднесена против К.М. (36) и С.Б.П. (22), двајцата државјани на Турција, поради основано сомнение дека заедно со уште едно лице извршиле кривично дело.

Според полицијата, осомничените во стан на подрачјето на Карпош физички нападнале две лица од Турција, на возраст од 26 години, при што со остар предмет им нанеле повреди. Во станот во моментот на настанот се наоѓале и две женски лица.

По нападот, осомничените побегнале од местото на настанот, но по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, К.М. и С.Б.П. биле пронајдени и лишени од слобода на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на третото лице осомничено за учество во нападот.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он