Камчев не се храни од затворската кујна, засега нема ризик по неговата безбедност

Од:

Бизнисменот Орце Камчев кој од пред два дена е во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е во добра здравствена состојба, без индиции дека постои безбедносен ризик за него. Директорот на затворот, Филип Андов, за „А1он“ вели дека за неговото сместување во затворот ќе се одлучува по наредната среда, откако ќе заврши неговата изолација во приемното одделение. Поради тоа, од затворот нема одговор, дали ќе се внимава сместувањето на Камчев да биде оддалечено од ќелијата на Сашо Мијалков.

„Како и секое притворено лице согласно правилник за куќен ред покрај тоа што им се обезбедени оброци од затворската кујна имаат право да примаат пакет-храна надвор од установата и тоа право притвореното лице го користи. Притвореното лице е во добра здравствена состојба и истиот е прегледан при неговиот прием во установата од затворскиот доктор“, вели Андов за „А1он“.

Досега, бизнисменот немал доставено посебни барања во врска со притворот до управата на затворот „Скопје“.

„Како и за секое притворено лице така и за притвореното лице Јордан Камчев е направена безбедносна проценка, преземени се сите безбедносни мерки и во моментов нема индикации за постење на безбедносен ризик“, додава Андов.

Од неделата, со одлука на судија на претходна постапка, а по барање на обвинителката Лиле Стефанова, бизнисменот Орце Камчев е спроведен во притвор. Ова доаѓа откако Агенцијата за национална безбедност извести дека Камчев спрема бегство. Притворот му е одреден за случајот поврзан со плацовите на Водно, кој е во истражна постапка, а за кој, наскоро се очекува обвинение.

Бизнисменот Орце Камчев по излегување од судот, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност. Тој рече “Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов