Камчев спремал бегство, обвинителите бараат притвор

Од:

Бизнисменот Орце Камчев е уапсен откако Агенцијата за национална безбедност алармирала дека тој се спрема да се даде во бегство. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „А1он“ вели дека надлежните обвиниели кои го водат случајот поврзан со плацевите на Водно, Гордана Смаѓовска и Лиле Стефанова, ќе побараат притвор за Камчев од судија на претходна постапка.

„АНБ имала информација. Ние се водиме по нивните информации, ќе бараме притвор“, вели кратко обвинителката Вилма Русковска.

Инаку, Орце Камчев е приведен утринава и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, каде ќе се одлучува за побараната мерка притвор.

Како што веќе објавивме, истрагата за плацевите на Водно ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал, а Камчев се сомничи за перење пари, заедно со експремиерот Никола Груевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и кумот на Груевски, Ристо Новачевски. Обвинителството веќе објави дека Камчев и Мијалков му помагале на Груевски во перењето на пари. Според истрагата, Камчев се јавува како еден од сопствениците на офшор компанија, која пак, е сопственик на спорните парцели.

Парите со кои се купувале плацевите на Водно, припаѓале на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов