Груевски, Мијалков, Камчев, Новачевски дел од осомничените за перење пари

Од:

Истрага за перење пари каде осомничени се експремиерот Никола Груевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кумот на Груевски, Ристо Новачевски, бизнисменот Орце Камчев, како и сопственик на офшор компанија, отвори Обвинителството за гонење организиран криминал. Оттаму посочуваат дека во периодот од 2006 година до 2012 година, Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил над 1 милион и 300 илјади евра.

„Дел од паричните средства кои во овој период ги примил лично или преку општинските комитети на партијата како донации за финансирање на политичката партија, не ги прикажал како примени донации во финансиските квартални извештаи на партијата и од нив за себе присвоил пари во износ најмалку од 1.300.360 евра или 79.972.140,00 денари“, соопштија од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека овие пари, Груевски ги пуштил во оптек со купување на градежно земјиште на Водно, а, осомниченот Мијалков, пак, иако знаел како Груевски се стекнал со парите, стапил во контакт со сопственик на веќе регистрирана офшор компанија во Белизе и побарал документацијата, печатите и жиро-сметката да му бидат дадени на располагање. Ристо Новачевски, по претходен договор со Груевски, станал управител на фирмата која го купува земјиштето на Водно.

„Во јули 2012 година била основана фирма – ќерка во Скопје на која, по претходен договор со првоосомничениот, станал управител третоосомничениот. На сметката на правното лице во повеќе наврати биле пуштени во оптек средствата прибавени со кривично дело. По постигнување на согласност за купопродажната цена, третоосомничениот во својство на управител на правното лице извршил плаќање кон сопствениците на земјиштето, со што бил прикриен изворот на парите и вистинскиот сопственик на земјиштето со вкупна површина од 11.000м2“, додаваат од Обвинителството.

Како сопственик на парцелите на Водно се јавува и фирма, за која Обвинителството тврди дека е сопственост на петтоосомничениот, Орце Камчев. Со цел да се прикрие вистинскиот сопственик, како краен сопственик на земјиштето се јавува шестоосомничениот.

„Во периодот од 20 јули 2015 до 26 јуни 2019 година, по јавно објавените разговори кои ја откриваат сопственоста на градежните парцели во КО Центар 2, со цел да се прикрие вистинскиот сопственик третоосомничениот како управител на правното лице, ја пренел сопственоста на друго правно лице. Тој, по претходен договор со првооосомничениот, користејќи полномошно издадено од сопственикот на правното лице од Белизе ја пренел сопственоста на правното лице чиј управител е петоосомничениот, а шестоосомниченото лице се јавува како краен сопственик на правното лице. За да се прикрие локацијата, движењето и сопственоста на имотот „новите сопственици“ донеле одлука за преименување на правното лице и одлука за физичка делба на парцелата од 6785м2 на три нови парцели.За да ја прикријат локацијата и сопственоста плацовите биле пренесени на физичко лице без платен удел, но со определен рок од 3 години за исплата на купопродажната цена“, додаваат од Обвинителството.

Инаку, Обвинителството ќе бара притвор за Ристо Новачевски, кој е третоосомничен во истрагата.

„За останатите осомничени судот веќе има изречено превентивни мерки за обезбедување на присуство во други предмети, а првоосомничениот е недостапен на органите на прогон“, соопштина од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски