СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Од:

Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош. Ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски, велат од СДСМ.

– Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за екстрадиција е намерно оставање простор на Никола Груевски и негова заштита. Додека други држави, како Полска на пример, постапуваат брзо, Мицкоски му купува време на Груевски. Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не прват. Не сакаат да го вратат Груевски во Македонија и не сакаат да одговара пред правдата. Ова е класична заштита на Никола Груевски од страна на Христијан Мицкоски, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски