Со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, власта продолжува да ги удира по џебот со нови поскапувања. Од следната недела парното поскапува за 7,56 проценти, што е трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20 проценти. Едно просечно домаќинство ќе плаќа околу 460 денари повеќе месечно во споредба со почетокот на годината, потенцираше Кети Штерјова на прес-конференцијата на СДСМ.
„Секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување, следува покачување. Од следната недела следува нов ценовен удар врз семејните буџети на граѓаните. За дури 7,56 % поскапува парното. Ова е трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%. Со новата цена, едно просечно домаќинство ќе плаќа за парно околу 460 денари повеќе месечно во споредба со почетокот на годината“, истакна Штерјова.
Таа предупреди дека поскапувањата нема да застанат тука. Од 1 јануари следната година поскапува и струјата, што ќе предизвика нов раст на цените на храната и услугите, додека платите на граѓаните остануваат исти.
„И ова не е последен ценовен шок. Од 1 јануари следната година поскапува и струјата. А секое поскапување на струјата повлекува и нови повисоки цени на храната и услугите. Додека платите на граѓаните не мрдаат. Криминалната власт нема пари за мерки, нема пари за поголеми плати, има само за криминални тендери. Со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување – во борба за опстанок“, рече Штерјова.
Цените на храната веќе се до плафон, а една минимална плата од 26.000 денари оди само за храна, рече Штерјова.
„Како луѓето да обезбедат 71.000 денари за да ги покријат само основните животни потреби? Ниту три минимални плати не стигнуваат. Каде се сметките, облеката, превозот, трошоците за деца, киријата? Народот живее крпен живот. Граѓаните прават математики како да врзат крај со крај од прво до први“, истакна Штерјова.
Наместо да преземе мерки за заштита на стандардот, Владата ги остави граѓаните сами да се справуваат со растечките трошоци, одбивајќи ги предлозите на СДСМ за конкретна помош и зголемување на минималната плата на 600 евра, рече Штерјова.
– Наместо конкретни мерки за помош на граѓаните, Владата на Мицкоски не прави ништо. Ги оставија граѓаните сами да се справуваат со растечките трошоци и не прифатија ниту еден предлог на СДСМ за воведување мерки Одбива мерки, одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Со Мицкоски и ВМРО граѓаните се осудени на сиромаштија, неизвесност и секојдневна борба за гол опстанок, додека функционерите на власта уживаат во луксуз. Ова не е економска политика, ниту трета економија од бајките на Мицкоски, ова е свесна политика на осиромашување на народот за богатење на неколкумина од врвот на власта!, порача Кети Штерјова.
