СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Од:

После распадот на ЗНАМ, напуштањето на претеникот Цеков и советничката во Прилеп, започнува распад и во самата ВМРО-ОКГ. Криминалната организација на Христијан Мицкоски е зафатена од сериозни внатрешни конфликти, фракции поврзани со Никола Груевски, внатрешна чистка со отстранување на сите потпретседатели, заминување на градоначлникот Сотир Лукровски. Очигледно е дека Лукровски не сакал да биде дел од шеми поврзани со урбанистички планови, легализации, градежни интереси и сомнителни финансиски трансфери кои ги турка Мицкоски, велат од СДСМ.

– Луѓето почнуваат да сфаќаат дека биле злоупотребени и вовлечени во систем на криминал, злоупотреби и корупција за кој наскоро ќе мора да се одговара. Дали бизнис шемите за така наречниот проект „Скопје на Вода“ по примерот на „Белград на вода“ ја прелеале чашата многу бргу ќе се дознае. Но јасно е дека сѐ повеќе членови и функционери и во ЗНАМ и во ВМРО се свесни дека по падот на Орбан започнуваат сериозни истраги за политичко-криминалните мрежи во регионот. ЗНАМ, како сателитска групација создадена од отпадници од СДСМ, предводена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски, веќе се распаѓа. Сега истото му се случува и во ВМРО-ОКГ, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски