ВМРО-ДПМНЕ: Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом

Од:

Во тек е подготовката на двата специјални закони кои се однесуваат на младите брачни парови, а кои се очекува следниот месец да бидат доставени до Собранието. Првиот закон се однесува на мерката со која на младите брачни парови ќе им се овозможи купување станбен простор по цени за 20% пониски од просечните пазарни цени остварени во текот на претходната година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Анализите веќе се во тек, а првичните податоци покажуваат дека, на пример, во Општина Центар просечната пазарна цена на квадратен метар станбен простор во првите три квартали од годинава изнесувала 1.915 евра. Со предвидениот попуст од 20%, цената би изнесувала 1.530 евра за квадратен метар.

Секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект ќе има обврска да издвои 10% од станбената површина за лицата кои ќе ги исполнуваат условите утврдени со законот. Еден од условите е најмалку едниот од партнерите да биде на возраст до 35 години.

Вториот закон предвидува младите да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општината при изградба на сопствен дом. Оваа мерка веќе се применува во одредени општини, но целта е нејзино проширување и спроведување на територијата на целата држава.

ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден на мандатот работи на создавање подобри услови за живот на младите. Со овие два закона се прави чекор кон решавање на предизвикот со кој се соочуваат младите брачни парови, обезбедувањето сопствен дом, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда

ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст

Горан Наумовски

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања „Очи в очи со народот“

Горан Наумовски

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%