СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Од:

По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството. Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат, велат од СДСМ.

– Кога е во прашање политички неистомисленик или критичар на режимот, тогаш Обвинителството е многу ревносно и ефикасно. Ова е токму она што го спречува европскиот пат на Македонија. Европската унија бара независно судство и независно обвинителство. Додека Мицкоски има контрола врз тоа кој ќе биде гонет, а кој ќе биде заштитен, Македонија не може да напредува кон ЕУ. Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Судот стави крај на случајот „Тотал“ – обвинението против Латас е одбиено

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош