Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Од:

Американската Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) го стави Јордан (Орце) Камчев на Црната листа.

„Денешната одлука ја нагласува континуираната посветеност на Соединетите држави за промовирање на одговорност за поединци и ентитети кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување. Г. Камчев ја злоупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија“, рече потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон.

„Бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев интензивно се занимава со корупција, вклучително и злоупотреба на службената положба, перење пари и други прекршоци повеќе од една деценија, почнувајќи од раните 2000-ти. Во 2022 година, Камчев беше осуден во судскиот процес „Парцели на Водно“ за учество во шема за перење пари поврзана со незаконско купување земјиште. Во одвоено судење, Камчев се изјасни за виновен за тешка злоупотреба на службената положба во „Случајот Империја“, во кој беше осомничен за злосторничко здружување, измама, перење пари и други кривични дела поврзани со неговите бизниси“, се вели во соопштението.

Притоа се додава:

„Камчев го искористи своето коруптивно влијание и богатство за да манипулира со судскиот систем на Северна Македонија во негова корист. Во 2020 година, главниот обвинител на Специјалното обвинителство (СЈО) беше обвинет за примање поткуп од Камчев и сведочеше дека Камчев платил пари во замена за поволни услови за апсење и исход на случајот. Камчев подоцна покрена граѓанска постапка против главниот обвинител и другите, тврдејќи дека го изнудувале. Граѓанскиот суд во Скопје пресуди дека Камчев не е жртва и нема право на надомест на штета.

После скандалот СЈО пропадна. Како резултат на тоа, многу случаи на корупција на високо ниво кои СЈО ги разгледуваше остануваат стагнирани и нерешени, одложувајќи ја одговорноста за многу поединци кои се занимавале со корупција слична на Камчев.

Денеска, OFAC го одреди Камчев согласно Е.О. 14033 за соучество, директно или индиректно вмешаност во, корупција поврзана со Западен Балкан, вклучително и корупција од, во име или на друг начин поврзан со влада на Западен Балкан, или актуелен или поранешен владин функционер на кое било ниво на владата во Западен Балкан, како што е злоупотреба на јавниот имот, експропријација на приватни средства за лична корист или политички цели или поткуп.

Како резултат на денешната акција, целиот имот и интереси во имотот на назначеното лице што се во Соединетите Држави или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани и мора да се пријават на OFAC. Дополнително, блокирани се и сите субјекти кои се во сопственост, директно или индиректно, поединечно или збирно, 50 проценти или повеќе од едно или повеќе блокирани лица. Сите трансакции на лица од САД во (или кои транзитираат) во Соединетите Американски Држави кои вклучуваат каков било имот или интереси во сопственост на назначени или на друг начин блокирани лица се забранети освен ако не се овластени со општа или специфична лиценца издадена од OFAC или не се изземени. Забраните вклучуваат давање каков било придонес или обезбедување на средства, стоки или услуги од, до или во корист на кое било блокирано лице, или примање каков било придонес или обезбедување на средства, стоки или услуги од кое било такво лице.

Дополнително, финансиските институции и други лица кои се вклучени во одредени трансакции или активности со санкционираниот поединец може да се изложат на санкции или да бидат предмет на извршно дејствие“, се наведува во соопштението на OFAC.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов