Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Од:

Граѓанскиот суд по третпат ќе се обиде да ги најде сведоците со кои бизнисменот Орце Камчев ќе се обиде да докаже дека дал 1,5 милиони евра на тужените Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева. Сметководителката во фирмите на Камчеви, Мирјана Бошковска, сопругата на бизнисменот, Ана Камчева, мајката Ратка Куновска-Камчева и сестрата Кристина Камчева-Стојческа ниту на денешното рочиште не дојдоа.

Сега, обврска да ги извести за терминот на следното рочиште, зема адвокатот Кристина Стојменова. Одлагање на рочиштето не им се допадна на адвокатите кои ги застапуваат Јовановски и Јанева. Судијата Андреј Димовски, сепак остави уште една шанса за Камчеви и сметководителката да дојдат на судење.

„Се закажува рочиште за 6.6.2022 година, кога доказната постапка ќе продолжи со сослушување на сведоците“, кажа судијата Димовски.

Катерина Петкова, адвокат на Боки 13 сметаше дека повеќе судот не треба да ги чека сведоците. Според неа, тие не го оправдале нивното отсуство, за да им се даде нов термин да сведочат.

„Тужителот имал можност да ги извести за закажаните судења и да го обезбеди нивното присуство“, кажа Петкова.

Бојан Јовановски-Боки 13 пак, бурно реагираше. Според него одложувањата на рочиштата е со цел да се прибави предметот од Врховен суд, а сведоците да се потсетат што кажале кога се судел предметот „Рекет“, за истото да го повторат.

„Очигледна е потребата за потсетување на сведоците на она што го кажале во Кривичниот суд, бидејќи тој што не ја говори вистината брзо заборава што кажал“, кажа Боки 13.

Реакција против одлагањето на рочиштето имаше и од државниот правобранител Фитим Касапи.

Новото рочиште е закажано за една недела.

Би можело да ве интересира

Боки 13 хоспитализиран, ќе му се отстранува желудникот

Ана Ололовска

На Боки 13 мора да му се извади желудникот ако сака да преживее – затворот му ја влошил состојбата

А1он

Правниот тим на Јовановски тврди: 11 доктори од Итна помош констатираа дека Боки-13 не може да се лекува во затвор

Горан Наумовски

Боки 13 за брендираната гардероба: Чии ли нечисти раце ми ги носат чантите, чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите?

Катерина Павлова-Николовска

Правниот тим на Боки-13: Ниту една закана нема да не спречи од реализација на операцијата „Бумеранг”

Горан Наумовски

Почнува операцијата „Бумеранг“, ќе предадеме 1.150.000 фајлови најавува правниот тим на Боки 13

Катерина Павлова-Николовска