СДСМ: Многу скоро ќе ја видиме Јанева како оди по емисии на владините медиуми, по поткасти и по порталите од кујните на ДПМНЕ

Од:

Стратегијата на ДПМНЕ е целосно разоткриена. Договорени се мигранти за пари во јуни а народот дозна за тоа преку британските медиуми и гласно кажува дека тоа нема да го дозволи. На Владата на Мицкоски буквално и гори под нозе. Во буџетот нема пари, дупката е 1 милијарда евра, нема пари за плати, пензии, за исплаќање на социјална помош, за породилно, нема пари ниту за поврат на пари за ДДВ. Финансиската состојба е катастрофална. СДСМ целосно го разоткри системот на кујните на ДПМНЕ кои се задолжени да го пренасочуваат вниманието на граѓаните од темата со мигрантите, од немањето пари, од криминалните скандали на власта, велат од СДСМ.

„По информациите објавени во медиумите дека Катица Јанева е условно пуштена од Идризово ќе разоткриеме уште едно смислено сценарио од стратегијата на ДПМНЕ. Пуштањето на Катица Јанева има скриена цел. Суштината на ова смислено сценарио кое се подготвува е Јанева да биде алатка на ДПМНЕ во нивната црна кампања и нападите на СДСМ, претседателот Филипче и на опозицијата.

Кујните на ДМНЕ мора да добијат нов материјал затоа што темата со мигрантите стана национална. Кривичните пријави и политичкиот прогон, лажните вести и манипулациите, нападите на медиумите и спроведувањето на српското сценарио во Македонија не се доволни, власта ја губи контролата и мора да ги засили нападите. Како? Исто така по српски рецепти. Како Дијана Хркаловиќ во Србија, копи-пејст медиумска стратегија. Кучињата лаат караванот си врви. Многу скоро после Нова Година ќе ја видиме Катица Јанева, во иста улога како што сега го гледаме Боки 13, како оди по емисии на владините медиуми, по поткасти и по порталите од кујните на ДПМНЕ. Следен чекор избори на пролет а потоа мигранти во јуни, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски