Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Од:

Кристина Камчева-Стојчевска во Граѓанскиот суд во Скопје сведочеше како ги обезбедила околу 19 милиони денари, пари дел од милиониот, кои според тврдењето на бизнисменот Орце Камчев завршиле кај Бојан Јовановски, Зоран Милески и Катица Јанева. Таа не се сеќаваше на кој датум ги извадила парите од сопствената сметка, а откако, како што тврдеше, ги обезбедила од сметките на две семејни фирми. Камчева-Стојчевска објасни дека нејзиниот брат и побарал пари, но не кажал за што му се. Таа пак, не прашала бидејќи нејзиното семејство во тој период имало, како што кажа, сериозни проблеми.

„Во периодот помеѓу 2018 година мојата компанија и мојот брат беа доведени во една многу непосакувана состојба за нашето семејство. Во еден период мојот брат ме повика и ми кажа дека имаме сериозни проблеми за кои ме замоли да му помогнам. Јас во интерес на вистината знаев многу од тие работи, што преку новини што од целата состојба која се случуваше во нашето општество. Тој ми кажа дека има потреба од позајмица, за ако имам да му дадам, некако да излеземе од целата ситуација. Јас се обидов да му помогнам. На моите лични сметки немав доволно средства за да му помогнам и по консултација со нашите финансиски служби кои потврдија дека компанијата има кондиција да ми направи лична позајмица за да ги вратам парите, ми беа префрлени пари на моите сметки. Но таа позајмица е евидентирана во финансиите, таа постои. За жал во едната компанија МОНТ која се бави производство на мебел повеќе од 30 години, односно околу 18 милиони дојде од таму и ми е префрлен согласно сите законски прописи, со договор за позајмица, за враќање на истите. Не знам кога беше периодот, Орце беше во притвор, требаше да го пуштат, не можам да се сетам. Целиот период од 2018 година беше таков пекол, не можам да се сетам. Околу 600 илјади денари дојдоа од друга компанија, КАРА, исто позајмица“, кажа Камчева-Стојчевска.

Таа пред судијата Андреј Димовски објаснуваше дека со нејзинот брат Орце, често си позајмувале пари и ги враќале. Камчева-Стојчевска објасни дека немаат писмен договор, туку усно се договориле парите кои биле извадени од фирмите преку нејзината сметка, да и се вратат.

„Јас и Орце често си позајмуваме пари, си ги враќаме. Токму затоа и парите од компанијата се позајмица, за да ги вратиме во компанијата. За мене ова се поприлично многу пари, а со оглед на ситуацијата не прашував прашања зошто, како и што. Парите кога добив од финансии дека се легнати на сметка, јас со Мими (референт Мирјана Бошковска) се спуштив во Стопанска банка Битола. Подигнав 19 милиони денари. Мими ги зеде парите, отиде да ги промени. Моето беше да ги извадам и да ги дадам. Јас со оглед на фактот дека Орце Камчев ми е брат, имаме фамилијарни релации, секогаш кога си позајмуваме пари, нашиот договор е устен. Писмен договор за враќање на пари, тој мене или јас него, никогаш не сме склучиле. Досега не сме се изиграле и очекувам да ми ги врати парите. Парите не се вратени, а јас во нашите парите ги должам во компаниите. Бидејќи тоа е ланец. Јас разговарав кога планира да ги врати парите, тој ми рече дека се надева дека во скоро време ќе биде во скоро време во ситуација да ги врати“, додаде Камчева-Стојчевска.

Судењето во Граѓанскиот суд ќе продолжи идниот месец. Предметот е во завршна фаза, а доказната постапка е затворена. Торбата „Луј Витон“ од „Рекет“ во која Камчеви тврдеа дека имало милион денари, остана непронајдена.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава