Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Од:

Бизнисменот Јордан Орце Камчев е на слобода. Кривичниот суд му ги споил двете затворски казни, за случаите „Империја“ и „Плацови на Водно“ и му ги намалил за четири месеци.

Од две години, тој имал за одлежување една година и осум месеци. Бидејќи во казните му се засметани и деновите поминати во ефективен притвор од вкупно 11 месеци и времето поминато во домашен притвор, бизнисменот заврши со издржување на казните.

Во затворот во Струга, Камчев помина четири месеци и шест дена. Во затворот во Шутка, помина месец и 17 дена, а потоа, девет месец и 22 дена. Вкупно, тој има издржано една година и три ипол месеци. Останатиот период го има поминато во куќен притвор.

Камчев призна вина во случајот „Империја“ каде се спогоди со Обвинителството. Тој плати и 5 милиони евра. Во случајот „Плацеви на Водно“, Камчев беше осуден на казна од една година за делото „перење пари“.

Би можело да ве интересира

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов

Стефанова ја објави шемата за затајување данок на Камчев и Јосифовиќ, за која признале вина и се спогодиле

Ландов

„Империја“: Камчев се спогоди и исплати пет милиони на државата, a со Јосифовиќ добија и по една година затвор

Кристијан Ландов

Боки 13 за милионот: Камчев парите да си ги бара кај Русковска, јас не броев пари кај него

Кристијан Ландов