Камчев има фирми во шест држави, во Македонија имотот му е под хипотека за кредити, Стефанова се сомнева дека може да избега

Од:

Бизнисменот Орце Камчев има фирми во шест држави низ светот, додека компаниите во Македонија му се ставени под хипотеки. Од една компанија лоцирана на Панама, се префрлаат милиони евра кон македонските компании. Ова стои во обвинителниот акт за „Плацовите на Водно“, како едни од главните причини преку кои обвинителката Лиле Стефанова докажува дека Орце Камчев е добро ситуиран во странство, за да може да избега од Македонија, доколку не му се продолжи ефективниот притвор. Фирмите кои Обвинителството ги лоцирало, а каде сопственик е Камчев се во Русија, Кралството Холандија, во Косово, Србија и Хватска, како Бугарија, од каде има и државјанство. Поради истиве причини со кои се докажува можно бегство, Камчев е во притвор повеќе од два месеци за предметот „Плацови на Водно“.

„Обвинетиот Ј.К. лично или преку правно лице е сопственик на повеќе правни лица надвор од РМ, а во моментот на Обвинителството му се познати правните лица во Руската федерација, во Република Бугарија има правно лице кое е регистрирано и активно работи во Софија.  Според податоците добиени од ЦРМ има фирми и во Кралството Холандија, во Косово, Србија и Хрватска. Неспорно е дека поседува и повеќе оф шор компании, и тоа на офшор фимрите од САД. Обвинетиот  преку акционерско друштво  е акцонер во болница од Бугарија“, стои во обвинителниот акт кој го доби „А1он“.

Обвинителството тврди дека има докази од кои се гледа дека целиот имот на Камчев, како и фирмите кои се во Македонија, во последните години ги има ставено под хипотеки за кредити од повеќе банки во Македонија, заедно со фирмите каде сопственик е неговата мајка Ратка Камчева, тој извршен директор.

„Според доказите со кои располагаме  целокупниот имот  и фирми кои се во Република Северна Македонија во последните  неколку години  ги има ставено под хипотеки за кредити од  повеќе македонски банки но исто така фирмите  на кои краен сопственик е обвинетата Р.К. К.,  а на дел од нив извршен директор е Ј.К. кој е акционер во  ХХХХХ се заолжени во  странско правно лице ХХХХХ од Швајцарја“, се додава во обвинителниот акт преку кој се бараше продолжување на притворот.

Наспроти задолжувањата во Македонија, обвинителката Стефанова од прибавените докази и инфорамции, тврди дека обвинетиот  поседува  фирми со поголем капитал во странство.

„Според анализата на сметките за приливите и потеклото на парите од кои се исплатени износот од 1.535.000 евра се утврди дека  правно лице од Скопје добива прилив од фирма од Панама преку банкарска сметка отворена во Швајцарија по основ „аванси при извоз на стоки лиценци, патенти, трговски марки. Овие пари во најголем број случаи се префрлаат во фирма од Скопје по основ враќање позајмици, по што таа фирма од Скопје ги префрла во друга фирма од Скопје со што се плаќа долгот кон трети лица. Правното лице од Панама е офшор фирма тесно поврзана со  обвинетот  Ј.К. и Н. Ј.што е видно од  дописот од 3/10/2018 година“, стои во обвинителниот акт на Стефанова.

Во него се додава дека Камчев има двојно државјанство, односно освен македонско има и бугарско, а поседува и бугарска патна исправа со важност до 2025 година, но и живеалиште на адреса во Софија.

„Истиот е добро ситуиран и имотно обезбеден човек што значи во секое време може да ја напушти Република Северна Македонија, да се крие надвор од државата и со тоа да го оневозможи непреченото водење на кривичната постапка  против него“, се додава во него.

Како поткрепа дека сомнежот да избега од Македонија постои, Стефанова ја споменува и службената белешка од УБК, преку која вели дека се потврдува дека Камчев остварил средба со припадник на странска служба за безбедност од Бугарија.

„Според   информација од14.03.2021 година  обвинетиот Ј.К. во периодот од 12.02.2021 година до 14.02.2021  година остварил средба со лице припадник на странска служба за безбедност од Република Бугарија  со која служба обвинетиот веќе соработувал  и логично се претпоставува дека ке има подршка  во бегството од Репбулика Северна Македонија  во Република Бугарија“, пишува Стефанова во предлогот за притвор, дел од обвинителниот акт.

Би можело да ве интересира

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

„Жената лута“ рече Камчев за Катица Јанева која го праша: Точно ли е дека „Стопанска банка Битола“ е пералница на пари?

Кристијан Ландов

Боки 13 го испрашуваше Камчев, бизнисменот тврди дека не разговарал со Заев за „Империја“ туку за рекет од „1ТВ“

Кристијан Ландов

Камчев со имот на една фирма во четири градови, гарантира дека нема да бега

Кристијан Ландов

Камчев излезе од затворот во Шутка, за Божиќ ќе биде дома откако Нова година ја помина во „Систина“

Кристијан Ландов