Најмалку 20 лица беа повредени денеска на концертот на американскиот бенд “Linkin Park” во Јужна Африка, јавија официјални лица.
Несреќата се случила кога се срушил дел од трибината на стадионот во Кејптаун, се наведува во соопштението на градските власти, наведува АФП.
Ова се случило поради налет на силен ветер при што биле повредени 20 посетители.
На некои од нив помош им е укажана на самото место, додека потешко повредените биле сместени во блиската болница.