УНХЦР: Време е светот да покаже солидарност со народот на Либан

Од:

Високиот комесар за бегалци на Обединети нации, Филипо Гранди изјави дека е време меѓународната заедница да покаже солидарност со народот на Либан и да и понуди помош на земјата, која со децении е домаќин на стотици илјади бегалци.

Првиот човек на УНХЦР истакна дека Либан поминал низ многу кризи, вклучително корупција, политички поделби и економски кризи и оти меѓународната заедница треба да организира долготрајна помош.

Гранди во средата допатува во Либан, две недели по катастрофалната експлозија во бејрутското пристаниште, која уништи голем дел од Бејрут. Во експлозијата што се случи на 4 август загинаа најмалку 180 лиѓе, а повредени се околу 6.000 лица, 30 се водат како исчезнати, а речиси 300.000 луѓе останаа без домови. Причинетата штета се проценува од 10 до 15 милијари долари.

Во Либан има повеќе од еден милион сириски бегалци, а 43 загинаа во разорната експлозија.

Либан се соочи и со зголемен број на заразени лица со новиот коронавирус, а неколку болници во Бејрут не работат поради што се оштетени во експлозијата.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан