Борци на нигериската бунтовничка група „Боко Харам“ извршија напад на територијата на Чад и убија седум лица.
– Неколку екстремисти од „Боко Харам“, бегалци од нигерискиот град Малам Фатори кон езерото Чад, го нападнаа селото Мајдого и убија седум лица, соопшти претставник на безбедносните сили.
Откако беа поразени во Малам Фатори, некои делови на „Боко Харам“ избегаа на запад кон осторвите на езерото Чад, изјави вчера главниот командант на армијата на Нигерија, генерал Сејни Гарба.
Нападот е извршен, непосредно откако началникот на Генералштабот на армијата на Чад Брахим Сеид изјави, дека способноста на групата „Боко Харам“ да врши напади е сведена на минимум по ослободувањето на градот Малам Фатори.