Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Од:

Околу 300 затвореници се во бегство откако исламистички милитанти на Боко Харам упаднаа во затвор во главниот град на Нигерија, Абуџа.

dobivaj vesti na viber

Секретарот на Министерството за внатрешни работи, Шуаиб Белгоре, пред затворот во Абуџа, во кој се сместени околу 900 затвореници, изјави дека еден чувар бил убиен синоќа при упад и дека уште тројца вработени во затворот се ранети.

Тој рече дека осомничените напаѓачи на Боко Харам дошле да ги земат нивните членови кои отслужуваат затворски казни.

„Тие дојдоа по своите соучесници, но бидејќи некои од нив беа измешани со останатите затвореници, избегаа и други, а многу од нив се вратија“, додаде Белгоре.

Тој истакна дека повеќе од 600 затвореници избегале, но половината биле фатени и потрагата по бегалците продолжува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Боко Харам го засилува влијанието на запад од Нигерија, заробени шест локални заедници

А1он

Во напад на Боко Харем убиени шестмина камерунски војници

Ана Ололовска

Најмалку 70 цивили убиени во два напада на исламистите во Нигер

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Жарко Настоски

Групата Боко Харам тврди дека киднапирала стотици ученици во Нигерија

Ана Ололовска

Боко харам уби 43 земјоделци во Нигерија

Ана Ололовска