СДСМ: Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал

Од:

Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се поставува прашањето: дали и самиот е лично вклучен и ги диригира криминалните процеси во земјата, велат од СДСМ.

– Пред само неколку месеци, шефот на неговото обезбедување претепа полициски службеници и спречи полициска акција за сузбивање на дрога — настан што и тогаш МВР се обидуваше да го прикрие.

Вчера, неговиот личен избор за обезбедување, Ангел Самараков, беше фатен како оддава службени тајни на лица од Грчец. МВР цел ден се обидуваше да го скрие скандалот, но под притисок на медиумите кои ја дознаа вистината, беше принудено да излезе со информација во јавноста.

Ова ли се луѓето што ќе го „ресетираат“ системот?

СДСМ изразува сомнеж за постоење на силна координација и соработка меѓу најблиските луѓе на Мицкоски и криминалното подземје. Не е ни чудо што криминалот и уличните пресметки во државата во последните девет месеци се на историски највисоко ниво.

СДСМ прашува: дали обезбедувањето на Мицкоски самоволно делувало, или било испратено да пренесе информации, бидејќи тој лично, согласно своите надлежности, нема пристап до доверливи податоци? Кој му ги дал тие информации и кој ја диригира целата соработка со нарко-клановите од институциите?

Состојбата со безбедноста е крајно загрижувачка, а очигледно е дека криминланите структури во земјата имаат директен пристап и информации од најблиските луѓе на Мицкоски. Ова значи дека криминлаот во државата ќе ја владее државата и Мицкоски и ДПМНЕ се директни соучесници во тоа, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите