Тројца од повредените во кочанската трагедија и натаму се во критична состојба

Од:

100 пациенти, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се лекуваат во болниците во земјава и во странство. Почетната бројка беше 193 пациенти. Според последнитеи нформации кои ги соопшти министерот за здравство Арбен таравари, тројца од повредените се во критична состојба.

Таравари вели дека кај дел од повредените состојбата флуктуира, моменталната ситуација е дека тројца се најкритични.

Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти и денеска се враќаат двајца, од Полска и од Белгија. Најави враќање на повеќе пациенти неделава. Оваа недела се очекува враќање на полесните пациенти, тие кое се рехабилитирани комплетно, вели Таравари.

За потешките пациенти на кои ќе им биде потребна рехабилитација, истакна дека има неколку опции „8-ми Септември“ во Ковид центарот, Центарот за рехабилитација во Козле, но има и понуди за подолгорочна рехабилитација надвор од држвата без трошоци од државата.

Би можело да ве интересира

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице