Африканските лидери го отфрлија „договорот на векот“ како нелегален

Од:

Африканските лидери денеска го отфрлија блискоисточниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, оквалификувајќи го како нелегален. Тие на денешниот Самит на Африканската унија (АУ) изразија солидарност со Палестинците.

Претседателот на Комисијата на АУ, Муса Факи Махамат им рече на присутните шефови на држави дека планот, објавен на крајот на јануари, претставува „кршење на многубројни резолуции на Обединетите нации и на Африканската унија“.

Махамат изјави дека планот бил подготвен без меѓународни консултации и дека „ги крши правата на палестинскиот народ“, што беше дочекано со громогласен аплауз.

Долгоодложуваниот мировен план за Блискиот исток, кој од американска и израелска страна е наречен „договор на векот“ беше веднаш отфрлен од страна на Палестинците.

Со планот, меѓу другото, се дава одобрение на Израел да ги анектира еврејските населби на Западниот Брег, каде Палестиците планираат да основаат своја држава.

Претседавачот на АУ во заминување, претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси изјави дека „палестинската кауза секогаш ќе биде во срцето и умот на народите во Африка“.

Неговиот наследник, претседателот на Јужна Африка Сирил Рамафоса ги спореди предлозите на Трамп со прописите кои важеле за време на апартхејдот во неговата земја.

– Кога слушав и прочитав сè што беше напишано за тоа, ме потсети на ужасната историја низ која поминувавме во Јужна Африка, рече тој.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој редовно присуствува на самитите на АУ, годинава не отпатува во Етиопија. Тој замина во седиштето на ООН за да изврши притисок за носење резолуција во Советот за безбедност, во која се осудува предлогот на Трамп.

Се очекува САД да стават вето на резолуцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Израелска дипломатка протерана од самитот на Африканската унија

Ана Ололовска

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска