(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Од:

Фудбалерите на Ал Ахли се пласираа во полуфиналето на африканската Лига на шампиони откако во два натпревари ja совладаа Раџa, но овој дуел остана во сенка на тажниот настан на синоќешниот реванш во Казабланка.

Имено, пред влезот на стадионот Мохамед V се случил инцидент во кој животот го загубил 29-годишна жена по име Нура, пишуваат мароканските медиуми.

Нура почина откако беше прегазена и задушена додека илјадници навивачи се обидоа да влезат на стадионот за да го гледаат Раџа.

Во изјава за медиумите, претседателот на Раџа изрази длабоко сочувство до семејството на Нура во име на сите членови на клубот, а властите во меѓувреме започнаа истрага.

Инаку, Ал Ахли на реваншот во Казабланка пристигна со водство од 2:0 од првиот меч.

Синоќешниот дуел заврши без голови, а домашните имаа одлична можност да поведат во првото полувреме. Сепак, Бузок го промаши пеналот, па резултатот остана 0:0.

Ал Ахли во полуфиналето на африканската Лига на шампиони ќе игра против Есперанс од Тунис.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Јужнокорејскиот МВР се извини за трагедијата во Сеул