Река поддржува решение, ги чека финалните формулации на уставните амандмани

Од:

Грчката партија Река на вчерашниот состанок на политичкиот совет и на парламентарната група, во врска со Договорот од Преспа, го потврдила ставот дека тие поддржуваат решение, но ги очекуваат точните формулации на уставните амандмани што ќе се гласаат во Собранието, „каде што ќе се покаже степенот на адаптација на новата реалност од страна на соседите”.

Лидерот на Река, Ставрос Теодоракис рекол дека набргу Грците ќе бидат повикани да донесат важна одлука што нема да биде лесна.

– Нашата одлука треба да биде поврзана со патриотскиот интерес, а не со поединени партиски интереси. Безбедноста, стабилноста, развојот на регионот се нераскинливо поврзани со европската перспектива на Балканот и ова е компасот за одлуките на Река, рече Теодоракис на состанокот на политичкиот совет и на парламентарната група на партијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски