Мустафа: Нема ново писмо за дијалогот до Могерини, веста е од јануари

Од:

Нема ново писмо за иницијатива на албанските партии од јужна Србија за вклучување во завршната фаза од Бриселскиот дијалог, изјави претседателот на Националниот совет на Албанците, Рагми Мустафа за „Бујановачке“.

Тој потврди дека заедно со градоначалникот на Бујановац, Шаип Камбери и пратеникот во Собранието на Србија од таа општина, Фатмир Хасани не испратиле ново писмо до шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и до претседателот на Косово, Хашим Тачи, туку дека белградските медиуми повторно ја објавиле информацијата од пред четири месеци.

Мустафа истакна дека станува збор за „намерно кревање тензија во критично време, пред донесување важни одлуки“.

Голем број српски медиуми, меѓу кои и агенцијата Танјуг, денеска објавија вест, која претходно беше објавена во „Бујановачке“ на 9 јануари, за писмо со иницијатива на Албанците од јужна Србија за вклучување во завршната фаза од дијалогот Белград-Приштина.

– Иницијативата ја потпишаа претседателот на Националниот совет на Албанците, Рагми Мустафа, градоначалникот на Бујановац, Шаип Камбери и пратеникот во Собранието на Србија од таа општина, Фатмир Хасани. Писмото со иницијативата го испратија до шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, до претседателот на Косово, Хашим Тачи и координаторите на приштинскиот тим за дијалог Шпенди Ахмети и Фатмир Љимај. Во писмото исто така се наведува дека конечниот договор помеѓу Косово и Србија „претставува можност да се решат основните проблеми на Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓе“, беше наведено во веста.

Веста прво ја објавија српските медиуми Фонет, РТС, Неделник, Спутник и многу други, а беше пренесена и од приштинска Коха.

Припојувањето на таканаречената Прешевска долина не е само тема за „стари вести“, туку и постојана тема на приштинските политичари.

Хашим Тачи во интервју за РСЕ денеска повторно изјави дека барал во Берлин припојување на тие три општини кон Косово.

Би можело да ве интересира

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он