Харадинај го повика Белград на дијалог, но без инволвирање на таксата

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска го повтори ставот на неговата Влада дека единствена можност да се укине таксата од 100 отсто на увозот на српски производи е меѓусебното признавање на Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај за време на денешната посета на Гњилане повика на продолжување на дијалогот со Белград, но без инволвирање на таксата во тоа прашање.

Kосовскиот премиер рече дека царините остануваат „и покрај постојаните притисоци“ од САД и Европската унија, додека патот за нормализацијата на односите со Србија е признавањето на Република Косово од страна на таа држава.

– Таксата е воведена и таа останува, но начинот да не ги расипеме односите со Америка и начинот да ги зајакнеме и, верувам, и да ги средиме односите со Србија, е да се постигне меѓусебно признавање Косово-Србија во постоечките граници. Длабоко сум уверен дека ќе се најде начин да се вратиме на дијалогот со Србија, бидејќи и Србија и ние тежнееме кон зачленување во ЕУ, без дијалогот да се поврзе или условува со таксата, изјави Харадинај.

Би можело да ве интересира

Вучиќ најави враќање на мерките по напливот на нови случаи на Ковид-19

Горјан Грнчаровски

Харадинај: Веруваме дека Тачи, Весели и сите припадници на ОВК се невини

А1он

Курц: Се надевам на напредок во разговорите Белград-Приштина во следните месеци

А1он

Легендата на косовскиот фудбал Фадиљ Вокри ќе добие споменик во Приштина

А1он

Белград и Приштина итно да го продолжат дијалогот, повикаа Германија и Франција

А1он

Хоти: Српската листа ќе биде дел од новата Влада на Косово

А1он